english, дома

За нас

За нас

Лабораторијата за Контрола на Квалитет е прва приватна независна лабораторија за контрола на квалитетот на храната. Од 1999, Лабораторијата за Контрола на Квалитет обезбедува брзи, прецизни аналитички податоци за анализа и контрола на квалитетот на храната. Нашата цел е подобрување на бизнисот на нашите клиенти и заштита на здравјето на потрошувачите.

Лабораторијата за Контрола на Квалитет делува како стратешки партнер за производителите и преработувачите на месо и млечни производи, како и на преработувачите на овошје и зеленчук. Нашите клиенти имаат доверба во резултатите од спроведените бактериолошки и хемиски анализи на доставените примероци.

Основна активност на Лабораторијата за Контрола на Квалитет е обезбедување на техничка подршка на Програмата за Знак за Квалитет на Здружението на приватни производители на млечни и месни производи во Македонија преку обука и редовно тестирање. Ние и помагаме на прехранбената индустрија во задоволување на барањата на Добрата Производствена Пракса, Анализи на Ризици и Критични Контролни Точки (HACCP).

Покрај услугите на тестирање, ние станавме водечка фирма во обезбедувањето на техничка помош на производителите и преработувачите на храна. Со обуките кои ги овозможуваме, голем број клиенти ги зголемија производните и преработувачките капацитети и ги подобрија стандардите за квалитет на нивните производи.

Историја

Лабораторијата за Контрола на Квалитет е формирана со финансии обезбедени од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), како дел од проектот Ленд О'Лејкс, Македонски Агробизнис Маркетинг Активности (МАМА) во 1999 година, кога проектот започно со имплеметирања на програма за контрола на квалитетот на млечните и производите од месо, преку Програмата за Знак за Квалитет. Лабораторијата за Контрола на Квалитет е првата независна лабораторија за тестирање на храна во Македонија.

 

 

 

Веб страницата е реализирана преку поддршка обезбедена од:

© 2004, Лабораторија за Контрола на Квалитет. Сите права задржани.