| Доставување
на примероци

Доставување
на примероци
Примероците
од млечните и производите од месо треба да бидат земени и доставени во
лабораторијата од страна на обучено и овластено лице.
Примероците
треба да бидат доставени со соодветна документација, во која е потребно
да се наведат податоци за дата и време на земањето на примерокот како
и температура на истиот.
•
Садот треба да биде без оштетувања, стерилен, со добро затворен капак.
• Садовите за млеко и млечни производи да не бидат исполнети повеќе од
75%.
• Примероците треба да бидат соодветно и јасно означени.
• Лицата кои ги земаат примероците треба да ги информираат вработените
во лабораторија доколку се случат проблеми.
• Примероците треба да бидат доставени во рок од 24 часа по земањето.
• Примероците треба да бидат транспортирани во соодветни подвижни фрижидери
во кои се оддржува нивната температура помеѓу 0°С и 4.4°С или
под -18°С за смрзнати производи.
• Температурата на примерокот треба да се одржува непроменета за време
на транспорт.
• Анализи кои не се спроведуваат во нашата лабораторија ќе се достават
истите во друга соодветна лабораторија.
|