english, дома

Услуги

Услуги

1. Анализа на храна

Нашата цел е да обезбедиме прецизни, навремени, доверливи и меѓународно признаени резултати на нашите клиенти. За да се постигне оваа цел развивме ефикасен и економичен систем за прием на примероци, анализи и систем за издавање на резултати.

Нашата лабораторија изведува микробиолошки и хемиски тестови на сурово млеко, сите млечни производи, сурово месо и производи од месо и сите видови на производи од овошје и зеленчук.

Резултатите од тестирањето се издаваат два дена од приемот на примерокот.

2. Имплементација на HACCP, BRC и Добра Производствена Пракса

Ние и помагаме на Македонската прехрамбена индустрија при имплементирањето на HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Points), BRC (British Retail Consortium) Системот и GMP (Good Manufacturing Practices).

Нашите вработени се сертифицирани за имплементација од страна на British Royal Institute of Public Health (Британски Кралски Институт за Јавно Здравство).

3. Проценка на квалитетот во прехрамбените индустрии

Како дел од нашата помош за клиентите, нашите вработени им помагаат на произведувачите и преработувачите во задоволување на барањата на Националната легислатива на Република Македонија, како и во обезбедување на производи со постојан квалитет.

4. Обука на вработените во прехрамбените индустрии

Во секое време обезбедуваме официјална обука за Хигиена на храната и HACCP. Обуката е одобрена од Британскиот Кралски Институт за Јавно Здравство и вклучува испит и официјален сертификат. Контактирајте ја лабораторијата за подетални информации.

5. Учество во програмите за истражување и развој на нови производи

Постојано бараме нови начини за помош на нашите клиенти во поглед на подобрување на пакувањето и изгледот на етикетата, зголемувањето на рокот на траење на производите, развој на нови производи и запознавање со нови технологии.

Наши партнери

 

 

 

Веб страницата е реализирана преку поддршка обезбедена од:

© 2004, Лабораторија за Контрола на Квалитет. Сите права задржани.